Следење на фоликули-фоликулометрија
Гинеколог со доверба и професионализам
Што преставувава Следење на фоликули-фоликулометрија?
Фоликулометрија се прави кај пациентки кои се над 35 год.возраст и не забременуваат во период над 6 месеци,и кај пациентки под 35 години кои не забременуваат во период од 1 година.
Со вагинална сонда од 10 до 20 ден на мензис се гледа дали има фоликули, колкава е нивната големина, колку се на број,и дали настапува овулација.Прегледот трае 15 минути, и се прават 4-6 прегледи за да се следи овулацијата доколку ја има.
Фоликулите растат 1-2 мм дневно,а овулацијата настанува кога фоликулот е со големина 18-22 мм
Исто за време на фоликулометријата се гледа и дебелината на ендометриумот.Тоа е важно за забременување,бидејќи кога има овулација ендометриумот е задебелен над 7 мм,кога нема овулација ендометриумот е тенок под 7 мм
Доколку нема овулација се даваат лекови за стимулација на овулација со цел да дојде до забременување.