Ехо на дојка
Гинеколог со доверба и професионализам
Што преставувава Ехо на дојка?
Ехографското истражување на дојка е неинвазивен и безболен метод за преглед на ткивото на дојките. Со користење на ултразвучни бранови, ова истражување овозможува прецизно и детално визуелизирање на структурата на дојките, помагајќи во откривање на цисти, тумори и други абнормалности. Ехо на дојка е особено корисно кај жени со густо дојкино ткиво и може да се користи како дополнување на мамографијата. Нашите искусни специјалисти се тука да ви обезбедат најдобра грижа и поддршка, со цел рано откривање и превенција на заболувања на дојките.