Микробиолошки брисеви, хпв типизација

Гинеколог со доверба и професионализам

Што преставувава Микробиолошки брисеви, хпв типизација?

1.КАКО СЕ ПРАВАТ МИКРОБИОЛОШКИ БРИСЕВИ?
Микробиолошките брисеви се земаат со тампон во специјално изработени пластични епрувети за таа намена,и најдоцна за 2 часа треба да се однесат до микробиолошката лабораторија за иследување.
Микробиолошките брисеви може да се земат и во специјална пластична епрувета со течност-која се нарекува медиум и така најдоцна за 24 часа може да се однесат во лабораторија за иследување.

2.ШТО СЕ ОТКРИВА СО МИКРОБИОЛОШКИТЕ БРИСЕВИ
Микробиолошките брисеви се 4 типа
Ваг брис,цервикс утери,кламидија ,микоплазма и уреаплазма.
Овие брисеви се важни бидејќи и да нема симптоми кламидијата е сексуално преносливо заболување и доведува до неплодност.Затоа е важно навремено откривање и лекување на партнерите со соодветни антибиотици по антибиограм кој го добиваме од микробиолошката лабораторија.

3.БРИС ЗА ХПВ ТИПИЗАЦИЈА?
Има нискоризични средноризични и високоризични хпв вируси.
Има досега изолирано околу 400 типови на хпв вируси од кои
Најчести се 6,11,16,18 нискоризичните- доведуваат до појава на кондиломи,а високоризичните до карцином на цервиксот на матката.
Затоа е важно да се прави хпв типизација еднаш годишно и во зависност од резултатите да се даде соодветна терапија.
Важна е и профилаксата со вакцина за хпв која се применува од 12 годишна возраст за девојчиња кои се уште не започнале полов живот,како и предавања во училиштата,
Со цел младата популација да биде подобро запознаена со оваа проблематика.

4.КОЛПОСКОПИЈА, КАКО СЕ ПРАВИ?
Колпоскопија се прави после добивање на позитивен пап тест.Грлото на матката се бои со оцетна киселина.Нормалниот епител не ја променува бојата, а патолошкиот епител добива бела боја.Потоа се бои грлото на матката со јод(шилерова проба)тука нормалниот епител се бои а патолошкиот епител не ја променува бојата.Со специјална клешта за биопсија се зема дел од патолошкиот епител,се носи во цит.лабораторија и со добиените резултати се одредува лекувањето.