Поставување на спирала
Гинеколог со доверба и професионализам
Што преставувава Поставување на спирала?
Интраутерина спирала е контрацептивна метода,каде што внатре во матката се поставува спирала,која што содржи хормон или метал- бакар или сребро.
Поставувањето е безболно,се прави 2-5 дена после мензис.Пациентката треба претходно да има направено микробиолошки брисеви и пап тест.
Период на кој се менува спиралата е 5 години.
Спиралата се поставува од гинеколог и не штити од сексуално преносливи инфекции.Вадењето на спиралата е безболно –со инструмент се повелкува конецот и се вади спиралата.За тоа не е потребно анестезија.Бакарна и среберена спирала се препорачува кај пациентки што немаат обилно менструално крварење,а хормонска спирала се поставува кај пациентки што имаат обилно менструално крварење,кои што претходно треба да имаат иследувања од каде доаѓа крварењето и дали има контраиндкации за поставување на спирала.Спиралата не влијае на доењето ,не попречува на сексуалниот живот, и доколку сака пациентката да забремени,може повторно после вадење на спиралата.