Пап тест, микробиолошки брисеви, брис за хпв типизација
Гинеколог со доверба и професионализам
Што преставувава Пап тест, микробиолошки брисеви, брис за хпв типизација ?
Пап тестот го добил името по грчкиот лекар георгиос папниколау,кој бил пионер во цитопатологијата за рана детекција на карцином на грлото на матката.
Пaп тест зе зема после првиот сексуален однос,еднаш годишно,но доколку има патолошки промени се зема и на 4-6 месеци.
Како се прави пап тест?
Пап тест се прави 7 дена после мензис ,се препорачува пациентката да нема 2 дена сексуални односи пред да се прави пап тест, и да не користи вагиналети ,вагинален крем,спермицидни средства за контрацепција,со цел да не дојде до лажни резултати.
Се зема со четка за цитолошка анализа и шпатула ,се поставува на предметно стакло ,и се носи во цитолошка лабораторија за иследување на резултатите.
Резултатот може да биде позитивен и негативен.
Доклку е позитивен се прави хпв типизација колпоскопија и биопсија.
Доколку е негативен се препорачува да се прави еднаш годишно.
Зоштое важно да се прави пап тест ?
Важно е да се прави бидејќи и во најрана фаза се откриваат малигни промени на цервиксот на матката,а со тоа има поголеми шанси за лечење на пациентките.