Ехо на дојка

Гинеколог со доверба и професионализам

Што преставувава Ехо на дојка?

Ехографското истражување на дојка е неинвазивен и безболен метод за преглед на ткивото на дојките. Со користење на ултразвучни бранови, ова истражување овозможува прецизно и детално визуелизирање на структурата на дојките, помагајќи во откривање на цисти, тумори и други абнормалности. Ехо на дојка е особено корисно кај жени со густо дојкино ткиво и може да се користи како дополнување на мамографијата. Нашите искусни специјалисти се тука да ви обезбедат најдобра грижа и поддршка, со цел рано откривање и превенција на заболувања на дојките.

Редовните ултразвучни контроли можат да придонесат за сигурност и навремено дејствување, бидејќи многу промени се откриваат пред да станат симптоматски. Во нашата ординација, користиме најсовремена технологија и индивидуален пристап кон секоја пациентка, со цел да обезбедиме прецизна дијагностика и максимален комфор при прегледот. 

Не одложувајте – закажете го вашиот термин за ехо на дојки денес и грижете се за вашето здравје навреме.

eho-na-dojka-skopje

Најчесто поставувани прашања за ехо на дојка

Ехо на дојки (ултразвук) е неинвазивна дијагностичка метода која користи звучни бранови за да создаде слика на ткивото во дојките. Се користи за рано откривање на промени, цисти, тумори и други абнормалности.

Не, прегледот е целосно безболен и безбеден. Не се користи зрачење, па затоа е погоден и за млади жени и бремени.

Обично трае околу 15 до 20 минути, во зависност од комплексноста.

Се препорачува превентивен преглед еднаш годишно, особено по 30-тата година или порано ако имате семејна историја на рак на дојка или други ризик-фактори.

Не, не е потребна посебна подготовка. Можете да дојдете облечени комотно, без креми или лосиони на кожата на градите.

Во „Фокус“ нудиме современо ехо на дојки со висока прецизност и грижа за пациентите. Закажете термин преку телефон или онлајн.